Соопштение за јавност
На граѓанската трибина во Шуто Оризари се обратија претседателот на СДСМ, Зоран Заев, носителите на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски и Сања Лукаревска и кандидатите за пратеници од оваа изборна едниница, Љатифе Шикоска и Ферат Асан.
„Нема да застанеме додека квалитетот на живот на Ромите не биде ист со квалитетот на живот со сите други граѓани во нашата држава. Во сплотеноста е силата “ порача претседателот Заев посочувајки на едниството на сите етнички заедници денес, што го градиме преку концептот Едно општество за ситe.
„Посебен буџет ќе има за ромската заедница, за да може квалитетот на живот да го покренеме, државата мора да биде мајка на сите“, рече претседателот Заев кој зборуваше и за еднакви шанси за вработувања Роми во администрацијата, решенија на неопределено време за вработени Роми, вложувања во капитални инвестиции во општината.
Претседателот Заев посочи дека по сите потценувања кон граѓаните Роми, режимската ВМРО-ДПМНЕ нема право да го бара нивниот глас. Тој најави и повисока социјална помош и покачување на платите.
„Знам што значи давање плата, што значи менаџмент, водев општина, водев фирми. Дадов збор ќе носиме одлуки – носевме одлуки, ќе покачиме социјална помош, плати – покачивме, ќе бидеме еднакви – единствени сме и ова е нашата татковина еднакво на сите. Северна Македонија ќе ја направиме и економски тигар на Балканот“, најави претседателот Заев.
Тој направи разлика со неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ.
„Тие калкулираа, ние носевме одлкуки. Бидете горди имаме држава признаена од целиот свет. Секоја мајка, Македнока, Ромка, Албанка денес знае дека децата нема да ги испрааќа во војна. Ако некој се чепка со Македонија, се чепка со САД или со другите земји членки на НАТО“, рече претседателот Заев.
„Секој излезен е глас – влог во татковината“, порача претседателот на СДСМ, Заев.
Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, порача дека вложувавме во секоја општина, се вложувавме во секој човек.
„`Се што беше најголем проблем во време на режимот е решен денес или е во фаза на решавање. Градевме патишта, улици, водоводи, канализации, една од најубавите градинки е овде во Шуто Оризари. Нашите противници се истите од времето на режимот. Го имаме Груевски на политичката сцена обновен во Мицкоски. Мисајловски една шајка не закова во неговата општина, ние денес ги решаваме проблемите во сите општини. Денес сите сме исти и сите сме едно. Наместо да рушиме, градиме, рече Спасовски.
„Мора да донесеме важна одлука на овие избори, Македонија да продолжи напред со економијата, со подобар животен стандард, повисоки плати, социјална помош, пензии. Режимот не смееме да се врати. Ќе ги пратиме во опозиција тие да се обноват. Масовно да излеземе на избори и уште од пладне да ја најавиме победата на 15 јули“ повика Спасовски во Шуто Оризари.
Носителката на листа, Лукаревска рече дека нашата Програма е реална и оствралива.
„Ја правевме со вас граѓаните. Секогаш сме на страната на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е на страната на уцени, закани, манипулации. Нашата страна се повисоки плати и пензии, пад на невработеноста, да ги задржиме младите во државата. Минималната плата ќе ја покачиме до 20.000 денари. Просечната плата ќе ја покачиме до 14.000 денари. Ќе се бориме просечната пензија да биде над 18.000 денари. За младите кои сакаат да развијат сопствен бизнис, го развиваме младинското претприемништво со грантови за младите од 5.000 до 15.000 денари, најави Лукаревска.
Кандидатите за пратеници Асан и Шикоска најавија поддршка од граѓаните Роми за СДСМ и коалицијата Можеме.
„На сите жени, мајки, девојки тука, им порачувам дека и ние можеме да бидеме наставнички, докторки, пратенички. Јас сум доказ, жена Ромка, кандидатка за пратеничка, за искрената намера за изградба Едно општетство за сите. Ромската заедница ја има надежта во нас. Веруваат затоа што земаат минимална плата од 14.500 денари, земаат социјална пензија, згрижени се семејствата од Кале, луѓето можат да извадат документи, веруваат затоа што гледаат асфалтирани улици, за прв пат одредени населби добија вода за пиење порача кандидатката за пратеничка Шикоска.
„Ромите се обединети како никогаш порано. СДСМ во последните три години многу направи. Ја зголемија минималната плата, но и социјалната помош ја зголемија за 300 проценти. Бевме понижени претходно со 2.400 денари. Сега земаме над 11.000 денари социјална помош, живееме подобро. Другите “влечат за уши“. На нас Ромите ни оставија лузни на срцето. Овој човек има големо срце, може да ги собере сите Роми внатре. Затоа ги сакаме овие луѓе, затоа што и тие нас не сакаат. СДСМ го обединува народот, не прави раздор. Никогаш во историја не сме имале 4-ца кандидати Роми за пратеници. Ромите ќе гласаат за СДСМ и бројот 3“ порача Асан на граѓанската трибина на коалицијата Можеме во Шуто Оризари.