fbpx

Битиќи: Искреиравме мерки кои тежат 550 милиони евра, во БДП е 5%, тоа се мерки кои решаваат проблеми,но гледаат и во иднината. Излези и гласај за МОЖЕМЕ!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

-„Добро е чувството да зборуваш на мајчиниот јазик ,а никој да не ве гледа чудно. Ова се вредностите на СДСМ. Разликата е голема. Дали беше возможно ова пред 3 години?

Ќе зборувам за вредностите на социјалдемократите – таму тежи разликата која им ја нудиме на граѓаните: Еднакви можности, праведност и правичност, социјална правда и солидарност

Верувајќи во овие вредности успеавме и во време на пандемија од коронавирусот најдовме начин да помогнеме на секој еден граѓанин.“-истакна претседателот на Комисијата на финансии во СДСМ, Фатмир Битиќи, на централна трибина на коалицијата „Можеме“ во Скопје.

-„Ако на почетокот на кризата ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека не сме спремни да одговориме на кризата , ние го поврдивме спротивното. Тие тврдеа дека 100 илјади ќе останат без работа. А ние, за жал, но соопштивме дека 15 илјади луѓе останале без работа.“-посочи Битиќи.

И не само тоа, тој истакна дека сега во време на криза невработеноста кај нас падна на 16.3% ,нешто што не се случило ниту во една земја. Како и дека изминатиов период беа искреирани мерки кои тежат 550 милиони евра, во БДП е 5%, тоа се мерки кои решаваат проблеми ,но гледаат и во иднината.

-„Во 12 години, не задолжија 2.4 милијарди, или 23% од БДП а притоа ни оставија 25% невработеност, 18% од државата без канализација, без вода и со кал. Тоа е режимот, тоа е двојката ВМРО-ДУИ. Тоа е нивниот патриотизам ,за разлика од нашиот.-посочи Битиќи.

Битиќи се осврна на мерките наменети за приватната потрошувачка, тоа се околу 70 милиони евра, нешто што никогаш не се видело е да 330 000 луѓе имаат придобивка од една мерка, тоа се платежните картички за 750 корисници. Во исто време 220 милиони евра се исспланираа за новата развојна економија. Тоа е време на криза, кога треба да се мисли на сите.

-„Нудиме нова програма која се заснова на роботика, ИТ, дигитализација, а од друга страна имаме понуда на реиндустријализација, не зборувајќи за четвртата индустриска револуција, за странски консултанти, а ние имаме овде дома стручни и способни луѓе. –истакна Битиќи.

Тој на крајот посочи дека ако доследно ги применуваме вредностите за кои зборуваме и во реалноста ќе бидеме тоа што сме..

На 15 јули, опцијата е да гласаме за коалицијата МОЖЕМЕ или проектот ОБНОВА кој ќе не однесе во Белизе или Будимпешта. Заокружуваме број 3!

Последни вести