Соопштение за јавност
Мора да продолжиме по правиот пат, не смееме да скршнеме од него, тоа е наша заедничка задача, порача вечерва претседателот на СДСМ на Централната трибина на караванот на СДСМ и коалицијата „Можеме“ кој вечерва се одржа во Скопје
„На 15 јули да не бараме изговори дека не зависи од нас, зависи од секој. Буквално од секој полнолетен граѓанин на оваа наша земја. Патот се чува, но и патоказот и правецот се дава. Се дава исклучиво, од вас граѓаните“, порача Заев повикувајќи ги граѓаните на масовна излезност на 15 јули.
Осврнувајќи се на понудата од опозицијата Заев порача дека таму нема ништо освен црнила и негативна кампања, без реална понуда за граѓаните.
„Се што ВМРО-ДПМНЕ направи во овој период беше кочење, манипулации, лажни вести, немаат што да понудат низ сите овие години, и добро е таа партија да се реформира, да работи за младите за иднината, не само за свои интереси“, истакна Заев.
Претседателот Заев ги повика граѓаните да продолжат да го негуваат концептот Едно општество за сите, да го чуваат единството а тоа ќе го направат преку глас за бројот три за глас за СДСМ и Коалицијата „Можеме“.
„На 15 јули, сите ние да гласаме за единство, да гласаме за бројот три за Можеме, за уште повеќе, за уште подобро, Скопје и за сите граѓани, за победа на изборите“, повика Заев.