fbpx

Спасовски во Куманово: Граѓаните знаат дека со СДСМ се на сигурно, ќе ја отфрлат опасноста од обновен режим и ќе изберат сигурност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Носиме голема одлука на 15 јули, да продолжиме во сигурна иднина за нас, нашите деца и за идните генерации. Ние сме на потег“, рече носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски на средбите во Куманово.

„СДСМ три години во континуитет покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани подеднакво. ВМРО-ДПМНЕ во континуитет покажува грижа само за Груевски и неговите криминални соработници“, додаде Спасовски.

Тој потсети дека Куманово 11 години беше казнувано од режимската ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи таму граѓаните секогаш таму гласаат за прогресивни идеи, наместо режим, поради што, градот не доби ни денар од централната власт.

Затоа, на 15 јули граѓаните ќе гласаат за концептот кој обезбедува повеќе пари во нивните буџети, а не за обнова на режимот кој им ги крадеше парите.

„На 15 јули граѓаните на Куманово повторно ќе гласаат за фер општество наместо за обнова на криминалот и режимот, а тоа ќе се случи и низ целата држава. Граѓаните знаат дека СДСМ се грижи за сите, ќе ја отфрлат опасноста од обновен режим и ќе гласаат за сигурност“, рече Спасовски во Куманово.

Последни вести