Изјава за медиуми, Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ и носител во ИЕ 2
Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,
Изборите на 15 јули се референдумски важни, бидејќи гласаме за Сигурност и избираме да продолжиме по правиот пат.
Спротивната опција на овој пат е Опасност од обновен режим и тоа никој од нас не сака ни да помисли што ќе значи: нови политички дестабилизации, делби, конфликти дома, кавги со соседите и со светот, нова изолација на државата, нула пари за граѓаните и државата и повторно трауми и милиони преку вашиот грб во истурени раце на Мицкоски и носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ.
Ние постигнавме социјална сигурност, економска сигурност, безбедносна сигурност. Денес нашата држава е членка на најголемиот безбедносен и политички сојуз НАТО. И е на чекор до отворање на преговорите со ЕУ, што веднаш откако тоа ќе се случи ќе значи европски пари за државата – за европски стандарди дома, во нашата земја.
Ова се избори коишто бараат од нас да ја покажеме нашата одговорност – колку сме подготвени да ги направиме разликите помеѓу постигнувањата во изминатите 3 години, со 11-годишното тонење на државата и да застанеме во одбрана на тие постигнувања.
Затоа велиме дека гласот за број 3 на овие избори значи:
-Сигурен раст на платите на граѓаните, а не на нови милиони народни пари кај луѓето на Груевски.
-Сигурна правда, преку прочиствување на правосудството од корумпирани судии и обвинители, а не Мицкоски да ги спасува Камчев, Груевски и нивните помишници.
-Значи сигурен пат, по НАТО – и кон ЕУ, а не тие да го поништат Договорот од Преспа и да предизвикаат нова внатрешна и надворешна нестабилност.
-Сигурни одговорни луѓе кои докажано денес пружаат здравствена грижа за сите, а не неодговорни како Мицкоски и соработниците, кои блокираат проекти во здравството, шират паника и мислат на тендери, на штета на здравјето на граѓаните.
Една претставничка од дипломатската заедница пред некој ден ми рече: Сигурна сум дека Република Северна Македонија ќе покаже дека е возрасна демократија, по европскиот пат.
Очите и на демократскиот свет повторно се завртени кон нас, дали знаеме да сме праведни кон себе, да ги вреднуваме историските постигнувања на меѓународен план, да си кажеме дека можеме и повеќе и подобро дома и да продолжиме напред – на сигурно, зашто сега е моментот и за тоа.
Треба да сме свесни дека ако ја пуштиме државата низ вода, со неа ќе отиде и нашата сигурна иднина.
Затоа апелирам, безбедни се изборите, ќе се одвиваат по строго утврдени протоколи – да одговориме на нашата граѓанска должност денес – за да не се каеме што сме пропуштиле – утре, бидејќи за тоа по 15 јули ќе биде многу доцна.
Секое останување дома е глас за обнова на режимот.
Секое гласање за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ.
Секое излегување на гласање и избор на бројот 3 е избор на сигурна иднина.
Се грижиме за сите. Ве чуваме на сигурно. Дајте ни шанса, останете на сигурно.
Број 3, за сигурност и спокој, наместо обновен режим и неспокој.
Ајде повторно на 15 јули. За сигурност.
Прес-конференција на носителот на ИЕ2 Оливер Спасовски #Можеме #СДСМg
На сигурно сме, изборите се референдумски важни, да продолжиме на сигурно по правиот пат, излезете на гласање, да ја отфрлиме опасноста од обнова на режимот.
Posted by Oliver Spasovski on Сабота, 11 јули 2020