Соопштение за јавност
Секој водеше каква што му прилега ние излеговме пред граѓаните со силен оптимизам, енергија и резултати, со точни јасни и недвосмислени ветувања што планираме во наредните 4 години, порача носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во петтата изборна единица, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, од Битола во гостувањето во вестите на ТВ24.
ВМРО-ДПМНЕ излезе со лаги, диксвалификации, шпекулации и консктуркции, кои изгледаат смешни, особено по 2016 година, ВМРО-ДПМНЕ свесни дека граѓаните се сеќаваат на 11 години година и единствена цел им беше да ги убијат граѓаните во поим и да ги убедат да седат дома, истакна Шекеринска.
Нашата цел беше поинаква, да им ја кажеме нашата визија на граѓаните да им покажаме на граѓаните што направивме во 2,5 години и да кажеме дека можеме и повеќе, додаде Шекеринска.
Во врска со својот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, во изборната единица пет, Шекеринска истакна дека човекот што и порачува на Македонија да се исправи не сеобра грам храбтрост да се исправи на еден од пултовите, три пати имаше соочување и како што бегаше од мене, бегаше и од новинарите и целата кампања да ја помине само со својата камера и спремени видео пораки.
Граѓаните очекуваат од нас дека треба да се бориме за нивните интреси, треба да се бориме за Битола, Охрид, за Струга за Кичево за сите делови од изборната единица пет и ако вие немате храброст да се борите во период од кампња, како ќе се борите за граѓаните по кампањата, порача Шекеринска.
Мислам дека Дурловски бегаше од соочувања, затоа што е јасно дека нема што да им понуди на граѓаните освен тоа што покажа, а тоа е насилство, страв и огромен глад за пари. И тоа на дуел ќе беше многу видливо. Тој не кажа што правел во 11-те години на Груевским едноставно продолжи таму каде што застана Груевски. Груевски беше последниот, што остана забележан дека ги избегна сите соочувања. Дурловски само новиот лик на истата ВМРО-ДПМНЕ во позадина, рече Шекеринска.
Во изминативе 2,5 години решаваме деценсики проблеми, кои биле ставани под тепих, поради што државата плаќаше голема цена. Ги решивме и обзбедивме за државата и членство во НАТО и преговори со ЕУ и повеќе пари кај граѓаните и една серија потези, кои беа многу важни. Направиме и грешки, но за сите можеше секој во државата да не критикува и слободно да говори, а ние слушевме и се поправавме и тоа е голема разлика во однос на она што го имавме до 2016 година, нагласи Шекеринска.
Таа додаде дека влегуваме со амбиција да направиме повеќе во следниот период и очекуваме од граѓаните чист и цврст мандат оти за правна држава за она што најмногу очекуваат од нас, ни треба силен мандат.
Во оваа кампања зборот ЌЕ го заменивме со зборот ВЕЌЕ. Веќе сме слободна држава, веќе ја вративме демократијата, веќе сме членка на НАТО, веќе почнавме преговори со ЕУ, веќе ја зголемивме минималната плата и три пати социјалната помош, порача носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во петтата изборна единица, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, од Битола во гостувањето во вестите на ТВ24.