Соопштение за јавност
Успешните и реални политики на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се потврдуваат во континуитет.
Концептот враќање на парите назад кај граѓаните се потврди дека е и повеќе од успешен.
Во тек е исплатата на поврат на ДДВ за месеците април, мај и јуни преку во вкупен износ од над 334 милиони денари односно 5.440.000 евра.
Истовремено, со цел поттикнување на потрошувачката на производи од домашно потекло, мерката Мој ДДВ воведе измена со која 20% се врши поврат на ДДВ при купувањето на македонски производи , а 10% на останатите. На овој начин ја поттикнуваме домашната потрошувачка и си помагаме заедно.
За само една година од воведувањето на мерката Мој ДДВ, околу 670 милиони денари или околу 11 милиони евра се вратени назад кај граѓаните, а бројот на корисници е околу 300 илјади.
Успешниот проект Мој ДДВ продолжува и во следниот период со зголемен лимит од 800 денари месечно, наместо досегашните 600 денари месечен лимит.
СДСМ со новата Влада во следниот четиригодишен мандат ќе продолжи со креирање на мерки преку кои парите се враќаат назад кај граѓаните.
Продолжуваме со вистинска грижа за граѓаните со уште повеќе и уште подобри мерки кои значат подобар животен стандард за сите граѓани.