Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски останува неодговорен и незрел политичар, кој нема доблест да се соочи со реалноста и да преземе одговорност и продолжува да ја држи опозициската ВМРО-ДПМНЕ во минатото, во режимската и деструктивна матрица.
Во текот на најголемата криза со пандемијата на коронавирусот Мицкоски се однесуваше деструктивно, ширеше лаги и невистини дека нема доволно тестови за ковид19 во државата и ги делеше здравствените работници по партиска основа.
Неговото неодговорно однесување за време на пандемијата кулминираше со континуираното непочитување на мерките за заштита. Мицкоски за време на пандемијата одеше во теретана, кога спортските објекти беа затворени, седеше во затврен дел од кафана, кога тоа беше забрането, а на предизборните собири на ВМРО-ДПМНЕ не се почитуваа мерките за заштита од пандемијата.
Претходно, неодговорниот Мицкоски правеше се за да го спречи носењето на Законот за јавно обвинителство во обид да ги спаси криминалците и тајкуните од ВМРО-ДМНЕ, правеше се за да ја блокира интеграцијата во ЕУ и НАТО, во обид да ја врати државата назад во изолација.
Ништо не му успеа на Мицкоски. Граѓаните трипати по ред ја поразија неговата незрела, неодговорна и антидржавна матрица.
Мицкоски како прв човек на ВМРО-ДПМНЕ ништо конкретно не им понуди на граѓаните, но додека беше на чело на најголемата електро-енергетска компанија многу конкретно ја покачи цената на струјата за цели 100%. Мицкоски е најлошиот директор на ЕСМ.
Додека му беше советник за енергетика на Груевски, Христијан Мицкоски си доби бизниси со хидроцентрали токму од Владата во која бил советник.
За сето ова време Мицкоски покажа дека не го бидува за ништо освен за одбрана на криминал и остварување сопоствени бизнис интереси. Со таков нечесен и неодговорен однос кон граѓаните, Мицкоски уште долго време ќе биде на поразената страна.