fbpx

Интересите на граѓаните и на државата се на прво место, Владата предводена од СДСМ бескомпромисно ќе се бори против корупцијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Идните чекори за борба против корупцијата се поставени во четиригодишната програма на Владата на Република Северна Македонија, предводена од СДСМ.

Заедничка цел на Владата и на сите институции е бескомпромисна борба против корупцијата во полза на развој на стопанството, општеството, поквалитетен живот на граѓаните и забрзан чекор напред со вредности кои ќе ни донесат европски стандард на живеење дома.

Владата, институциите се посветени на обезбедување ред, правда и дисциплина, принципиелност во работењето, рамноправност и еднакви шанси за сите.

Превентивата е половина борба против корупцијата, и тука ќе покажеме напредок, со зголемена транспарентност на сите нивоа, со намалување на дискреционите права на функционерите, почитување на правилата, реакција на сите злоупотреби на моќ во сите ешалони и блиска соработка со инспекторатите.

Нема компромис за министрите, директорите, раководителите и за целата јавна администрација – ако некој го прекрши законот го очекува оставка или разрешување, но и соочување со законите.

Владата предводена од СДСМ во изминатите 3 години успешно ги реши крупните децениски надворешни проблеми на државата, што беше крунисано со членството во НАТО и почнување на преговори за членство во Европската унија.

Сега претстои стабилен политички период, одлучна и бескомпромисна борба против сивата економијата, криминалот и корупцијата, ефикасен, транспарентен и одговорен правен систем, со прочистување на судството, проверка на потекло на пари и капитал кај секој функционер и градење правна држава.

Интересите на граѓаните и на државата се на прво место, заедно можеме да ги оствариме високите цели кои ги имаме поставено.

Последни вести