Прес-конференција, Дарко Каевски, претседател на СДММ и пратеник
Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев покажува континуирана грижа за младите, за студентите и средношколците.
Оваа година поради коронвирусот, студентските и ученичките домови ќе функционираат според строго утврдени протоколи со цел да се заштити јавното здравје.
Заради намалениот капацитет во домовите, оние студенти и средношколци чии барања биле одобрени, а не можат да бидат сместени, ќе имаат можност да одберат месечен надомест за покривање на трошоците за приватно сместување или пак, да одберат надомест на трошоците за превоз од местото на живеење до местото на студирање.
Со оваа мерка ќе се опфатат 884 студенти и 347 ученици, а Владата предводена од СДСМ веќе обезбеди 44 милиони денари преку четвртиот пакет антикризни мерки.
Истовремено, платежни картички „Купувам домашно“ од по 6.000 денари ќе добијат 540 студенти, кои во претходниот пакет не ги добија овие картички.
Важно е да се напомене дека ваквите решенија се донесени заедно со студентите и средношколците кои се вистински партнер и рамноправно и постојано се вклучени во креирањето на мерките.
Почитувани,
СДСМ како одговорна партија останува на страната на младите, останува посветена на заштита на здравјето на сите граѓани и полесно справување со економските последици од коронакризата.
🔴[Во живо:] Најава, прес-конференција, Дарко Каевски, претседател на СДММ и пратеник
🔴[Во живо:] Најава, прес-конференција, Дарко Каевски, претседател на СДММ и пратеник
Posted by СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија on Среда, 30 септември 2020