fbpx

Георгиевска: Со државна кредитна и царинска гаранција ги помагаме домашните компании и поттикнуваме поголема конкурентност на нашата економија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ

 

 

Почитувани,

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува со силна, ефикасна и навремена поддршка за компаниите погодени од негативните економски последици од коронавирусот.

Четвртиот пакет економски мерки обезбедува 470 милиони евра за спас на работни места, за зајакнување на приватната потрошувачка и за конкретна помош за стопанството.

Една од мерките за помош на приватниот сектор, во овој четврт пакет е Државната кредитна гаранција.

Со оваа мерка државата става на располагање 10 милиони евра, пари за поддршка на компаниите за полесен пристап до евтини финансиски средства, преку преземање на дел од кредитниот ризик.

Со државната гаранција од 10 милиони евра на стопанството ќе му бидат на располагање кредити со вредност од 65 милиони евра.

Покрај кредитната, следува реализација и на мерката Државна царинска гаранција, кој има за цел да им обезбеди поголем извоз на компаниите и полесен пристап до суровини.

Со 3 милиони државна гаранција за обезбедување на царинскиот долг го поддржуваме извозот и увозот и истовремено, го олеснуваме пристапот на суровини за преработка на македонските компании во износ од околу 25 милиони евра.

Како уште една мерка за олеснување на работењето на компаниите во овој пакет е и дополнително одложување на отплата на кредити за компании, до крајот на годината, како и мерката за намалување на казнената камата за јавни давачки за половина од 0,03% на 0,015% кое ќе важи до крајот на годината.

Почитувани граѓани,

И во услови на светска економска и здравствена криза, Владата предводена од СДСМ со одговорно управување со јавните финансии, помага на секој поединец, на секоја компанија која има потреба од помош и поддршка.

Тоа, во следниот период ќе го правиме уште повеќе и уште подобро, за да спасиме што повеќе работни места, да поддржиме што повеќе компании.

 

Последни вести