Прес- конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ покажаа крајно неодговорно и деструктивно однесување во клучните моменти за државата и во периодот на тешката борбата против коронавирусот.
Повторно, како и многу пати досега, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се на погрешната страна од историјата.
Не успеаја да ја одложат, уништат евроатланската интеграција и иднина на државата, па и во криза која не погоди сите, Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ препознаа можност за евтини политички поени, водејќи грижа само за партискиот интерес на сметка на интересот на граѓаните.
Во најтешкиот период од кризата на Мицкоски му беше поважно да вежба во теретани, отворени само за него, отколку да се грижи за доброто на граѓаните.
Соочени со нивните неуспешни, срамни и непартиотски обиди да направат се државата да не успее, ВМРО ДПМНЕ повторно во важен момент за државата немаат конкретен став, во паника да не ги стигне казната од граѓаните на избори.
Само пред една недела за Мицкоски 30 дена вонредна состојба беа сосема доволни, за потоа Александар Николовски да каже дека вонредната состојба треба да трае и тоа не било прашање на ничија желба.
Ова е одлика на ВМРО ДПМНЕ – несериозно, конфузно и неодговорно, без став за ниту едно важно прашање.
Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ знаат дека за време на пандемија беа на погрешната страна, а не на страната на граѓаните. Наместо заедништво, солидарност, грижа, тие на граѓаните им сервираат лаги, манипулации, паника, сè со цел успехот на надлежните институции да го прикажат како неуспех.
Но, граѓаните прават јасна разлика меѓу одговорност и неодговорност. Тие ги препознаваат лагите на ВМРО ДПМНЕ.
Токму затоа ВМРО ДПМНЕ бегаат од секој еден демократски мегдан, бегаат од соочување со граѓаните. Затоа не сакаат функционално Собрание и затоа не сакаат избори.
Почитувани,
Одговорност на политичките партии и на институциите е да направат се, колку може побрзо на граѓаните да им го обезбедат и да им го вратат секојдневието, начинот на којшто живеат- да ги стават општествените процеси во нормала.
Сите што се спротивставуваат на ова, придонесуваат земјата да остане во вонредна, здравствено-економска криза, од што најголема штета ќе имаат граѓаните.