Соопштение за јавност – реакција на изјавата на Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ
Граѓаните секојдневно ја гледаат деструкцијата и опасното дејствување на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ како во Собранието, така и надвор од него.
Соочена со сопствениот очај, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со неодговорно, несериозно однесување, на штета на граѓаните и институциите.
Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, како и целокупната опозиција во Парламентот не сакаат функционално Собрание и продолжуваат со својата деструктивност да работат директно на штета на граѓаните.
Тоа срамно и неодговорно однесување е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата. Секогаш да ставаат сопки и дејствува на штета на државата и институциите.
Апсурдно е тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ немало ништо со амандманите поднесени за да се блокираат измените на Деловникот кога истите јавно ги бранеше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
ВМРО-ДПМНЕ кочи и блокира се што е во интерес на граѓаните, на државата. Меѓу нив се и ваучерите од 6000 денари за пензионери, корисници на право на социјална сигурност,самохрани родители, деца без родители, уметници, филмски работници, како и диреткната помош на лозарите.
Деструктивноста, антидржавното и антинародно однесување на опозицијата во Собранието, може да ја забави, но нема да ја спречи функционалноста на институциите.
Со или без нив, граѓаните ќе добијат функционално Собрание посветено на реформите важни за државата и граѓаните.