fbpx

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се меѓународно препознаени како извор на лажни вести, во нивните лаги никој веќе не верува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

 

Почитувани граѓани, почитувани медиуми

Студија за Мапирање на лажните вести и дезинформации на Западниот Балкан на Европската Унија го нотира профилот на социјалните мрежи на Христијан Мицкоски како извор на дезинформации и лажни вести!

Во оваа студија, Мицкоски не е сам, друштво му прават и и неговиот ментор од Будимпешта, односно профилот на Никола Груевски како и неколку медиуми блиски до опозицијата.

Со ова се потврдува она што јавноста одамна го знаеше. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се главните извори на лажни вести во државата.

Само во последната недела Мицкоки и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лажни вести, опасни тези со кои поттикнуваа омраза и поделби во јавноста.

Мицкоски јавно велешее дека имал информации дека во Софија се распарчувала државата и оттогаш бега, не одговора на прашањата кој му ја дал инфомацијата и за која цел.

Потоа велеа дека дека наводно повеќе земји членки на ЕУ се против интеграцијата на Северна Македонија, замислете. беа демантирани од амбасадите на земјите кои ги спомнаа.

Јавноста се уште добро ги памети лагите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека немало доволно тестови за коронавирус, дека немало доволно заштитна опрема за здравствените работници, дека над 100.000 граѓани останале без работа поради коронакирзата.

Сето тоа е лага до лага, фабрикувана во беиот дворец и пласирани преку медиумите под контроила на ВМРО-ДПМНЕ.

Студијата на ЕУ е само уште едно демаскирање на лагите кои се произведуваат во белиот дворец, лаги на на штета на националните и на државните интереси, на штета на граѓаните.

Токму тие медиуми, чии сопственици биле блиски до ВМРО-ДПМНЕ и кои претходно биле примарни извори на провладина пропаганда а сега купени од страна на унгарски државјани се споменати и во Студијата на ЕУ, каде се вели дека Откако ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција, овие медиуми се вмешани во бројни дезинформациски кампањи, не само за дискредитација на Владата, туку и за поткопување на Преспанскиот договор со Грција и другите евро-атлантски напори на земјата.

Вистината секогаш излегува на виделина. Вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ е антидржавна, антиевропска партија, која шири лаги и дезинформации, со кои ги поткопува напорите за евроатлантска интеграција на државата и тоа се само за личен интерес.

Граѓаните одамна им ги прочитаа лагите, затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе останат во опозиција.

Последни вести