fbpx

Додека ВМРО-ДПМНЕ шири лаги и ги деградира здравствените работници, Филипче се грижи за граѓаните и ги менаџира сите капацитети за справување со коронавирусот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Додека ВМРО-ДПМНЕ шири лаги и ги деградира здравствените работници, Филипче се грижи за граѓаните и ги менаџира сите капацитети за справување со коронавирусот

За разлика од времето на ДПМНЕ кога медиумите не можеа да постават прашање на функционер ако тоа претходно не беше договорено или одобрено од центарот во белата палата, денес сите функционери на СДСМ, вклучително и Венко Филипче, секојдневно се присутни во јавноста, транспарентни и отворени за секоја тема.

Филипче со директорите на клиниките менаџира болнички капацитети, следи состојба на пациенти, преговара за набавка на вакцина за ковид и нема време за партиски чајанки со ВМРО-ДПМНЕ партија чии доктори во време на пандемија повеќе од очигледно е дека имаат на претек слободно време.

Серија лаги и манипулации и денеска беа изнесени и на денешната изјава на Марија Андоновска и тоа во време кога Филипче беше во Штип каде денеска се постави модуларната болница, проект кој ВМРО-ДПМНЕ со месеци го блокираше. Очигледно ги погоди таа вест, или веста дека Владата предводена од СДСМ и ќе ги награди здравствените работници кои макотрпно работат во справување со коронакризата.

Со лаги и манипулации, ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ги деградираат здравствените работници и целиот здравствен систем.

Последни вести