Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Почитувани,
Во време кога државата целосно се вложува во беспоштедна битка против коронавирусот, ВМРО ДПМНЕ наместо да се приклучи, реши заедно со екипата “лажни вести” да продолжи со својата деструктивна политика.
Во овој тежок период за сите граѓани, ВМРО ДПМНЕ реши да се затвори во белиот дворец и оттаму да смислува деструктивни сценарија против доктори, против министри и други кои директно се вложуваат во решавање на кризата.
На ВМРО ДПМНЕ не им значи ништо ниту шлаканицата што ја добија од ООН кои кажаа дека опозициската партија лаже, кога се обидоа да ги злоупотребат во нивните манипулации.
Во обид да го минимизира успехот на државата, деновиве ВМРО ДПМНЕ ги таргетираше двете министерства клучни во макотрпната работа за денес нашата земја да биде членка на НАТО и да отпочне преговори со Европската Унија, а сега и клучни министерства во борбата против коронавирусот.
Со нивната смислена пропаганда отидоа до таму што сакаа граѓаните да им поверуваат дека двајцата министри, Радмила Шекеринска и Никола Димитров трошеле пари на патувања во време на светска пандемија и затворен аеродром.
Но, ВМРО ДПМНЕ забораваат дека Владата предводена од СДСМ сите трошоци на министрите јавно ги објавува, за разлика од нивната Влада која ги направи класифицирани и тие беа најголема тајна за граѓаните.
Загрижува тоа што овие конструкции доаѓаат од луѓе кои точно знаат за што се работи, но сепак одлучиле да манипулираат и да ги лажат граѓаните само за да стекнат евтини, ситни политички поенти во време на криза, кога здравјето на граѓаните треба да им е најважно!
Но, на ВМРО ДПМНЕ, на сеачите на страв и паника, ништо не им успева! Тие се поразени!
Граѓаните ги препознаваат нивните лаги и им свртеа грб на лажните вести.
Денес, точните информации се шират побрзо и помасовно од било кога досега!
Граѓаните им веруваат на институциите и вистината ја споделуваат од човек на човек, на социјалните медиуми и им даваат целосна поддршка на институциите кои се транспаренти и имаат постојана комуникација со јавноста.
ВМРО ДПМНЕ се осамени во своите лаги, во обидите профитираат политички во оваа криза. И затоа, ВМРО ДПМНЕ конечно треба да покаже зрелост и да ги остави институциите да делуваат во овој тежок период.