Соопштение за јавност
И во новата година, стари лаги на ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски.
Истите оние, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, кои јавно и без срам лажеа дека државата се распарчувала дека се погазувала македонската држава и македонската историја, денеска повторно бесрамно лажат.
За македонскиот јазик и македонскиот идентитет ниту се преговара, ниту може да се преговара.
ВМРО-ДПМНЕ партијата која секогаш се става на спротивната страна од државните и национални интереси.
Со соседна Бугарија во текот на минатата година имавме постојана комуникација и двонасочна размена на предлози и идеи за наоѓање решение, но за жал взаемен договор не беше постигнат. Македонската страна не учествува и нема да учествува во никакви преговори околу јасниот и неприкосновен македонски идентитет. Бидејќи не беше најдено взаемно прифатливо решение, следуваше и блокадата од Бугарија.
Нема да дозволиме лагите на Мицкоски да станат вистина. Ако е потребно, на секоја лага на овој безобразен извор на дезинформации, ќе испраќаме по 10 деманти.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ упорно продолжуваат да работат на штета на државните и национални интереси, на штета на интересите на граѓаните. Затоа уште долго време ќе бидат опозиција.