fbpx

Милошоски е испаничен и во страв од одговорност, од него не се очекува ништо освен да шири лажни вести

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговори на новинарски прашања, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

 

П: Дали има некаков напредок со БЕСА и кога може да очекуваме средба со Заев и Касами и дали 6-та изборна единица ќе припадне на Касами?
 
Нема да давам никакви хипотетички одговори имаме време до моментот кога може тоа јавно да го споделиме. Како одговорна и демократска партија отворени сме за разговори со сите политички субјекти кои ја поддржуваат програмата на СДСМ, а секако станува збор за обезбедување на подобар животен стандард на граѓаните и силната поддршка на ЕУ перспективите, ќе преговараме и разговараме со сите освен со ВМРО-ДПМНЕ. Кога ќе можеме нешто јавно да споделиме ќе кажеме официјален став и ќе бидете запознаени.
 
П: Пратеникот Милошовски денеска ја достави втората бомба, кој е вашиот коментар по ова?
 
Колегата Антонио Милошовски е видно испаничен. Се гледаше стравот кај него и во рамки на Собранието кога се разговараше околу законот за ЈО. Знаеме што се има направено Милошовски и за што се сомничи, распродажбите на објекти во МНР, договорите со компании од Штип во однос реконструкции и рехабилитации на објекти во МНР, но имавме и можност во Собранието да слушнеме како еден друг колега од независната група на ВМРО-ДПМНЕ го посочува Антонио Милошовски дека на 12 април ја упатувал толпата, велејќи дека нивната цел е главата на Заев. Од таков човек кој е во паника и страв од одговорност, а верувам дека Обвинителството ќе ја земе во предвид дискусијата од колегата од независната група на ВМРО-ДПМНЕ не можеме да очекуваме друго нешто освен да шири лажни вести и паники за некакви бомби. Знаме за што станува збор имавме можност да ги слушнеме материјалите со којшто располага Антонио Милошовски и нема никаков ниту компромитирачки моменти за партијата или претседателот Заев и во таа смисла добро што Антонио ги поднесува овие документи во Обвинителството затоа што тоа е разликата, затоа што 11 години сите знаеме како функционираа институциите, сега има можност да поднесе и Обвинителството да постапува растеретено од политички влијание. Но од друга страна јас сум убеден дека по донесувањето на ЗЈО и обвинителите и судиите ќе ги имаат во предвид постапките за коишто сите ние како граѓани го бараме, а тоа е конечно криминалците од режимското владеење да носат одговорност.
 
П: Вчера од страна на ДУИ на веб страницата на ФБ имаше една објава каде ги набројуваа политичките позиции ?
 
Јас не можам да коментирам став на ДУИ, но можам да кажам дека ниту една партија не може да си препишува заслуги за одредени позиции кога сите го знаеме начинот како доаѓа до избор на одредени позиции, за овие позиции потребно е мнозинство во Собранието, согласно јасно изградени критериуми утврдени со Закон, од таму можам да кажам само дека не можеме на монолизираме одредени институции и функции во демократско општество како што е РСМ.    

Последни вести