Прес- конференција, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари
По кој знае кој пат ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е криминална и антидржавна партија. Нивната агенда е непроменлива – да ги загрозат европските аспирации на државата.
Тоа е единствената шанса за извршителот Христијан Мицковски повторно да го инсталира режимот и да го амнестира партискиот криминал и криминалот на неговиот шеф Никола Груевски.
Нивен последен скандал е обидот да издејствуваат Европската Унија да не и додели датум за почеток на преговори на Северна Македонија.
Партијата на Мицкоски на средби моли меѓународни преставници и европратеници да не се додели датумот за преговори затоа што нивната режимско – криминална матрица е така кодирана – да ја уништува државата, да и ја блокира европската иднина и повторно да ја окупира.
Со тоа ВМРО-ДПМНЕ свесно ја доведува во опасност иднината на државата и на граѓаните.
Тоа е антиевропско, антидржавно и антизападно дејствување на дело.
ВМРО-ДПМНЕ никако да научи дека датумот на Северна Македонија ќе и се додели како резултат на успешните реформи и конструктивната дипломатија со Преспанскиот договор.
Европската Унија не доделува датум на партија или на коалиција, туку на државата и на граѓаните, и ова во ВМРО-ДПМНЕ го знаат, но го користат за манипулација со европските лидери и амбасадори.
Крајната цел на ВМРО-ДПМНЕ е Северна Македонија никогаш да не стане членка на НАТО и на ЕУ само за да си го спасат криминалот и одговорноста за тоа што ја покрадоа државата.
СДСМ останува посветена на реализација на стратешките интереси како што е полноправното членство во ЕУ и НАТО.
Очајните обиди на ВМРО-ДПМНЕ да го блокираат интегративниот процес на државата нема да успеат. СДСМ, граѓаните, институциите нема да дозволат враќање назад и ќе сторат се државата што поскоро да започне преговори со ЕУ.