Обраќање, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ
Почитувани граѓани,
Нашата заложба за градење на силни, независни и професионални јавни обвинителства – успева.
Собранието со потребното мнозинство пратеници го усвои Законот за јавно обвинителство.
Ставивме уште еден темел на неселективната правда и на правосудство кое гарантира одговорност и казнивост за секој којшто го прекршил законот.
Им честитам на пратениците кои го поддржаа овој Закон. Огромното мнозинство во Собранието покажа дека иднината на земјата е поважна од партиските тактики. Нема веќе простор за криминални структури и за политичари кои поддржуваат криминални интереси.
Тие што се дрзнаа да го кочат напредокот на државата – изгубија!
Извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски се поразени од пратениците, од народот, од СДСМ и од сите политички и граѓански сили кои и мислат добро на сопствената земја.
Правда ќе има, правдата доаѓа.
Затоа, ве повикувам денеска со почеток во 18 часот да се приклучите на Маршот „Чекориме за правда“.
Тргнуваме од Собранието – и завршуваме пред комплексот судови – таму ја упатуваме нашата порака.
Следува прочистување на правосудството. Тоа имаме да порачаме и за тоа бараме поддршка, од вас од граѓаните!
Ве повикувам сите праведољубиви граѓани, да ни се приклучите.
Се гледаме во 18 часот пред Собранието, чекориме за правда!