fbpx

Со разрешувањето на Мизрахи, Собранието го одбрани Уставот и интересите на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес- конференција, Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ

 

 

 

Почитувани граѓани, почитувани медиуми
 
Со разрешувањето на сега веќе поранешната министерка Рашела Мизрахи заштитен е Уставот, правната држава, интересите на граѓаните, на стечајците, заштитена е интеграцијата во НАТО и европската перспектива на земјата.
 
Северна Македонија е 30-та земја членка на НАТО и на чекор до преговори со ЕУ.
 
Никој не смее да го крши Уставот и да се обидува да ја врати земјата назад во изолација, да ја оддалечи од НАТО и ЕУ заради туѓи или партиски интереси.
 
Владеењето на правото и правната држава подразбира одговорност и одговорност мора да има.
 
Сите членови на Владата мора да ги почитуваат Уставот и законите и мора да работат во интерес на граѓаните и државата. 
 
Заштитени се и интересите на стечајните работници, истите оние за кои таа даде негативно мислење и заедно со Владимир Ѓорчев не дозволуваше да се прошири опфатот на стечајци кои добиваат месечен надомест.
 
Да не ни помислува извршителот Мицкоски да злоупотребува пол, национална, етничка припадност, висина, како што тоа го направија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, осомничените Милошоски и Димовски.
 
Тие навреди и лаги полни со насочена омраза на национална, етничка, физичка и родова основа кои ги искажа ВМРО-ДПМНЕ во Собраниската сала и преку медиумите под нивна контрола покажува колку се во паника извршителите на Груевски.
 
Пред Уставот и законот сите се исти.
 
Нема да дозволиме извршителите на Груевски да го загрозат членството во НАТО и ЕУ, да ја загрозат иднината на земјата.
 
Нема враќање назад кон изолација и неизвесност. Тие еден чекор назад, ние три напред.
 
Северна Македонија ќе биде правна држава, рамо до рамо со европските демократски држави.
 

Последни вести