fbpx

Никој не смее да се дрзне да блокира и опструира, Законот за ЈО и другите важни закони да се донесат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес- конференција, Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ

 

 

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Денеска пред пратениците е Законот за јавно обвинителство кој е темел на реформите во правосудството и кој гарантира неселективна правда и одговорност за сите.

Правниот систем добива трајно решение без потреба од специјални институции и ад хок експериментални решенија

Овој Закон но и другите закони важни за реформите мора да се најдат пред пратениците. Мора да се обезбедат услови пратениците да се изјаснат по ова прашање и тоа да биде донесено.

Никој не смее да се дрзне одново да блокира и опструира. Со тоа се опструира правдата, а државата се враќа назад .

Мора да се обезбедат услови за гласање, затоа што долго се работеше на ова законско решение зад кое застанаа и нашите пријатели од САД и ЕУ.

Пред граѓаните ветивме правда и неселективна борба против криминалот, граѓаните тоа го очекуваат и ова е шанса тоа и да го оствариме.

Денешната седница е можност да видиме кој е навистина за правда, а кој е за одбрана на криминалот.

Република Северна Македонија продолжува со крупни чекори напред. Нема да ја вратат назад структурите кои се плашат од правда кои се за одбрана на криминалот и обнова на режимот.

Како одговорна партија, како одговорно парламентарно мнозинство, продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните, на правдата и државата.

Последни вести