fbpx

Со незаконските распределби, Чулев го крши Законот за Влада и Законот за внатрешни работи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање од денешната прес-конференција на Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ

 

 

П: Вчера на владина седница беа укинати 89 распоредувања од министерот Наќе Чулев дали имате информација кое е образложението, зошто, бидејќи тој сега испрати соопштение каде прашува дали премиерот Спасовски би понел одговорност доколку се загрози државната безбедност со тоа што ги укинува, и вели испратил телеграма до сите да ја почитуваат неговата наредба?

Поставувањето на техничките министри во оваа Влада и заменици навистина ги освежи сеќавањата на граѓаните кои што ги имаа во време на режимот кога функционираше институциите и владата на таков начин на исти стил како во време на режимот и груевизмот со кршење на Устав на закони со насилие, притисоци, уцени, закани и добро е што граѓаните денеска го гледаат тој ист стил, за жал, преку овие нови министри и функционери во преодната влада. И овој министер треба да знае дека потпишал заклетва во која се обврзува дека ќе го почитува Уставот и законот, како и правниот поредок на нашата земја. Моите информации говорат дека огромен број на овие назначувања се незаконски, поради тоа што прво го надминува бројот на 15 промени којшто може да ги прави во самото министерство, односно влегува во зголемувањето на тој број со своите одлуки што ги прави што значи дека го крши законот за влада, законот за внатрешни работи и подзаконските акти на овие закони, и дополнително за сите структури во МВР за различни единици и сектори постојат уредувања со различни прописи, подзаконски акти, којшто исто треба да се почитуваат. Како тоа дали се направени контроли физички, здравствени или дали се почитувани процедурите каде што треба тие промени да се направат, моите информации говорат дека станува збор за големи прекршувања не само на Законот за влада и Законот за внатрешни работи, туку и на многу суштински подзаконски акти со којшто се уредуваат различните постапки за вакви промени којшто треба да се прават или можат во рамки на законот да се прават во самото МВР.

Така што уште еден апел и до овој министер и до министерката Мизрахи пред се да го почитуваат Уставот, законите и правниот поредок на оваа држава при целото нивно функционирање и делување во рамки на институциите на Владата.

Гледаме дека за некои вакви постапки коишто деновиве ги гледаме од овие министри, не се случиле воопшто во овие две и пол години, не се случило во период на функционирање на одговорноста којашто ние ја носиме како Влада, ниту еден министер или функционер да оди со службено возило на приватни или партиски средби. Дајте ми еден пример каде што министер на СДСМ бил на некоја партиска средба во некоја општина, да се сретне со членство или да врши партиски обврски и притоа да иде со службено возило.

Навистина на граѓаните им се врати меморијата како функционираа, и како работеше режимот на Никола Груевски и тоа е истото она што го прават техничките министри предложени од ВМРО-ДПМНЕ.

Последни вести