Прес-конференција, Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Христијан Мицкоски продолжува отворено да се противи на Законот за јавно обвинителство кој има за цел да ги зајакне капацитетите на правната држава.
Лажно и лицемерно е тврдењето на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека се за наводно подобрено решение на Законот. Лажат и Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат воопшто никаков Закон за јавно обвинителство.
Тоа почитувани граѓани го покажаа уште во првата работна верзија, тоа го покажуваат и денес. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски наводно сакаат нов Закон за јавно обвинителство а прават се за таквиот закон да не биде донесен.
Јавната дебата во Собранието е најголема потврда за тоа. Поставија услов на неа да се појави и државниот Јавен обвинител а само што тој започна со излагањето, пратеници од ВМРО-ДПМНЕ предводени од Антонио Милошоски правеа циркузи во Собрание
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат правда,бегаат и не сакаат одговорност, затоа прават се предметите и истрагите на СЈО кои се водат против функционери на опозициската партија да бидат уништени.
Да нема ништо од предметите кои се водат против функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е првото, последно и единствено барања на Христијан Мицкоски и целото тоа раководствот на ВМРО-ДПМНЕ сместено во белиот дворец.
Сите демократски капацитети во државата и нашите стратешки меѓународни сојузници го поддржуваат законското решение кое обезбедува независност и професионалност на јавните обвинителства.
Законот за јавно обвинителство овозможува сите предмети на СЈО, но и сите останати случаи, да имаат професионална и објективна завршница, затоа што само така ќе ја вратиме довербата на граѓаните во правосудниот систем кој што всушност треба да биде независен.
Никогаш нема да прифатиме пазар за избегнување на предметите на СЈО или за кој било друг случај, а со тоа и бегање од кривичната одговорност на сегашни и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Секое договарање и амнестирање на одговорноста на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и штети на државата затоа што се загрозува европската перспектива и јавната доверба во правниот систем.
СДСМ е за правда и одговорност, ВМРО-ДПМНЕ е за амнестија на криминалците, за обнова на режимот и изолацијата. Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и да, таа од ден на ден станува се поголема, во корист на правдата и иднината на државата и граѓаните.
Таа разлика ќе се потврди и на 12 април кога граѓаните преку поддршка на политиките на СДСМ ќе поддржат правда, сигурност и европска иднина, наместо режим, неказнивост и изолацијата што ги нуди ВМРО-ДПМНЕ.