fbpx

ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал, корупција и заробена држава, затоа граѓаните шест пати ги победуваат на избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференција на Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ е партија која е синоним за криминал, корупција и неказнивост, партија која за 11 години режимско владеење создаде „заробена држава“ со партизирано судство и нееднаквост пред законите.

Поради таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ државата 10 години тонеше по сите индекси на слобода и демократија и затоа денес, оваа партија предводена од губитникот Христијан Мицкоски нема никаков кредибилитет да зборува за степенот на демократија во државата.

Две години по ред, 2018 и 2019, државата бележеше напредок на Индексот на демократија на „Економист“ откако претходно 10 години по ред вртоглаво паѓаше, а за 2020 се воочени благи негативни моменти кои се должат на рестрикциите кои беа неопходни во време на пандемија и здравствена криза, како и поради недостиг на напредок во политичката култура, што главно се должи на лажни вести, на политички радикализам, самовластие и неказнивост а за кои што има и јавно познати виновници.

Денес, нема поголемо лицемерие од тоа за криминал и корупција да зборува партија чие што претходно раководство, чии што пратеници се секојдневно пред судовите, обвинети, а некои и осудени за сторени кривични дела.

Денес, исплашени од реформите во судството исплашени од правдата, ВМРО-ДПМНЕ поднесува неосновани интерпелации во очај да ги закочи и забави реформските процеси

ВМРО-ДПМНЕ и на власт и во опозиција знае само за криминал, за деструкција и лажни вести. Затоа шест пати се поразувани од граѓаните и затоа и на следните избори ги очекува нов пораз.

Последни вести