fbpx

Законот за ЈО обезбедува континуитет на предметите на СЈО и независен избор на обвинители, а ВМРО-ДПМНЕ е против тоа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

 

 

 

Почитувани новинари, почитувани граѓани

СДСМ останува транспарентна и одговорна партија во процесот на носење на Законот за јавно обвинителство. Како што обезбедивме јавна дебата во парламентот со изнесување на серија експертски мислења, сега ќе организираме состанок со пратеничките групи за да ги имплементираме предлозите кои ќе влијаат на подобрување на законското решение.Секако ние и понатаму остануваме отворени за аргументирани забелешки.

Овој состанок ќе биде уште една прилика за пратениците на ВМРО ДПМНЕ да присуствуваат во пишувањето на финалната верзија на Законот за јавно обвинителство и заедно да ги инкорпорираме измените.

После јавната дебата и пораките на меѓународните преставници јасно е дека Законот за јавно обвинителство e важен за европската иднина и перспектива на државата и секое попречување на законот е практично криење од правдата и оддалечување на македонските граѓани од европското семејство.

Но, не само европската перспектива која му ја испорачуваме на народот во овие две години, ние сакаме да ја испорачаме и ветената правда со казни за сите кои сториле криминал. Токму овој закон обезбедува независни обвинителски институции, гарантира објективни судски постапки и создава ефикасен систем на казнување.

Законот ќе овозможи гонење на сите криминалци, континуитет на предметите на СЈО, независен избор на обвинители… А сето тоа значи правна држава и владеење на правото. Она од кое ВМРО ДПМНЕ бега цело време.

Христијан Мицковски не сака финансиски стабилно обвинителство, обвинители со поголема бројност и со силни надлежности, како што се предвидува со новото законско решение. Таквото обвинителство ќе ги процесуира сите предмети против поранешните и сегашните функционери на ВМРО ДПМНЕ и затоа тие не сакаат таков закон, туку прават се правдата да остане слепа.

СДСМ ги повикува пратениците на опозицијата да ја искористат шансата за градење демократски и независни правосудни институции. Со тоа да ја искористат и приликата да ги исчистат криминалците од нивните партиските редови.

ВМРО ДПМНЕ треба да сфати дека има општествена одговорност да се вклучи во процесите за европска држава. Во Европа се оди по прав пат, во Европа има правда за сите. Тоа граѓаните знаат и ќе го покажат на наредните парламентарни избори.

Последни вести