Прес-конференција, Костадин Ацевски, пратеник на СДСМ
Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ и понатаму со своите штетни политики нанесува директна штета на граѓаните и на нивната благосостојба.
Веќе една недела ВМРО-ДПМНЕ го блокира Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови на физички лица.
Пратениците од оваа партија очигледно се против отписот на каматите и долговите што граѓаните ги имаат.
Христијан Мицковски и неговите пратеници блокираат Закон кој ќе значи конечно решавање на проблемот со старите судски и извршни предмети, трансферирани кај извршителите и нотарите во 2011 година, како и предметите дадени за извршување за наплата на долгови пред извршителите заклучно со 31.12.2017 година.
Ете толку ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицковски се грижат за граѓаните и нивните проблеми.
Наместо граѓаните да се одлободат од нивните долгови, поради штетните политики на ВМРО-ДПМНЕ тие и понатаму ќе стравуваат како да се справат со каматите и долговите.
Доколку ВМРО-ДПМНЕ продолжи со политиката на блокада и кочење на се што е добро за граѓаните, постои опасност ова законско решение да не биде усвоено, бидејќи има уште десетина дена до распуштањето на Собранието.
ВМРО-ДПМНЕ со своите деструктивни политики прави се за да ги блокира и законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови за јавни претпријатија, законот за легализација на бесправно изградени објекти, законот за Академија за судии и јавни обвинители, законот за поништување на лустрацијата…
Сите овие законски решенија се во интерес на граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ работи против нив.
Граѓаните точно знаат кој работи во нивни и во интерес на државата, а кој го штити криминалот и кој се грижи за личните и теснопартиските интереси.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ и креаторот на нивните политики од Будимпешта на 12 април ќе доживеат уште еден пораз.