fbpx

ВМРО-ДПМНЕ се лицемерни, издавањето лиценци за производство на канабис за медицински цели е согласно законот кој тие го донесоа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање од денешнта прес конференција на пратеничката Јагода Шахпаска

П: Ваш коментар за обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ за хиперпродукција на лиценци за фабрики за производство на канабис за медицински цели

Издавањето на лиценци за производство на канабис е последица на важечкото законско решение, кое што владата на ВМРО-ДПМНЕ го донесе во законодавниот дом преку пратениците во февруари 2016 година. Ние сметаме дека не е проблем ако повеќе фирми се занимаваат со производство на канабис и конкурираат на пазарот на трудот слободно, за разлика од периодот кога ВМРО-ДПМНЕ практицираше власт и кога производството на канабис го даваше на неколку фирми кој што беа блиски до политиките на тогаш владејачкото мнозинство. Tака што сметаме дека е потребна либерализација и вклучување на повеќе производители

Последни вести