fbpx

Мицкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со блокирањето на Законот за одбрана го кршат Уставот и го кочат членството во НАТО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Хари Локвенец, пратеник од СДСМ

 

 

Додека во Шпанија во тек е последната ратификација на Протоколот за нашето зачленување во НАТО, ВМРО-ДПМНЕ со одбивањето да гласа за Законот за одбрана го загрозува тој процес.

Република Северна Македонија е на чекор да стане 30. земја членка на НАТО и со тоа да ја осигура својата стабилност, безбедност, економски развој и сигурна и просперитетна иднина.

ВМРО-ДПМНЕ очигледно е против нашето зачленување во НАТО.

Свесното блокирање на Законот за одбрана може да испровоцира ново вето од Грција и со тоа да ја врати државата со децении назад.

Мицковски и неговите пратеници го кршат Уставот и го кочат остварувањето на повеќедецениската стратешка цел – членство на Република Северна Македонија во НАТО.

Законот за одбрана е клучен за нашето членство во Алијансата. Овој закон обезбедува воведување на НАТО стандарди во македонската армија, обезбедува колективен систем на одбрана и затоа тој е клучен за нашето зачленување во НАТО.

Затоа, ги повикувам пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да престанат со ситно политиканство и да го поддржат Законот за одбрана, кој е важен за нашето зачленување во НАТО, но е уште поважен за припадниците на нашата армија.

Деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ е одамна прочитано од граѓаните.

Зачленувањето во НАТО и во Европската унија се наша стратешка цел повеќе од 25 години. Граѓаните се определија и ги поддржаа овие политики, наспроти политиките на корупција и заштитата на криминалот кои ги промовираат Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа ќе се потврди на 12 април, кога Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ ќе доживеат уште еден пораз.

Граѓаните повторно ќе се определат за стабилна, просперитетна и успешна Република Северна Македонија.

Нашата татковина ќе продолжи напред, нема да дозволиме напредокот да биде блокиран или закочен. Казната за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ, раководена од Будимпешта, доаѓа на 12 април.

Последни вести