fbpx

На денот кога пристигнаа првите вакцини, ВМРО-ДМНЕ продолжи да се однесува деструктивно и на штета на здравствениот систем

Facebook
Twitter
LinkedIn

На денот кога во државата пристигна првиот контигент вакцини против коронавирусот, кога веќе извесно започнува вакцинацијата на здравствените работници, ВМРО-ДПМНЕ остана доследна на своето деструктивно, антинародно дејствување.

ВМРО-ДПМНЕ повторно заради партиски цели, ја злоупотребува несреќата на заболените и починатите од коронавирусот, ги сведува на статистика во дневнополитички цели.

Од почетокот на кризата со коронавирусот, па се до денеска, ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски не стори ништо за да им помогне на здравствените работници.

Напротив, од белиот дворец свесно ширеа лажни вести во обид да го поткопаат здравствениот систем и да ги понижат здравствените работници, свесно ги кршеа мерките и забраните и се однесуваа опасно по јавното здравје.

И денес, кога започнува последниот чекор кон конечна победа и надминување на пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ повторно се става на страната на вирусот.

Тоа е само уште еден доказ за неодговорното, незрело и нечесно дејствување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Заради тоа шест пати губат на избори и заради тоа уште долго ќе се опозиција.

Последни вести