Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ е симбол на корупција и криминал, а Христијан Мицкоски е на браникот на тој криминал.
Последен доказ за тоа што Мицкоски се стави во заштита на неговиот соработник, пратеникот Антонио Милошоски по скандалот ,,Кражба”.
И Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат уплав од правдата и одговорноста пред законите. Затоа секојдневно шират лаги и неосновани напади кон вицепремиерот Љупчо Николовски и останатите министри кои се борат против криминалот и корупцијата.
Таквите очајни обиди нема да ги спасат од одговорност криминалците во белиот дворец, ниту ќе ја вратат државата назад во времето на режим и неказнивост.
Правда ќе има за сите и Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ тоа не можат да го спречат.