Соопштение за јавност
Со петтиот пакет економски мерки, Владата предводена од СДСМ продолжува со градење стабилна и развојна економија и овозможува намалување на трошоците за граѓаните.
Мерката 22 овозможува бришење на каматите, кои граѓаните ги имаат кон јавни институции и претпријатија.
Со законски измени, Јавните комунални претпријатија, Јавните претпријатија и Управата за Јавни приходи, како и општините и сите други институции од јавните дејности, ќе им ги простат и избришат долговите на граѓаните, по основ на камати во висина од 100%.
Главнината која граѓаните ја должат повеќе од три месеци, по основ на испорачани комунални и други јавни услуги или даноци и данок на имот, ќе може да се репрограмира за плаќање во период од 12 месеци.
Оваа мерка можат да ја искористат сите физички лица во државата, а ќе биде објавена со Јавен повик, во траење од 5 месеци.
За да се спречи злоупотреба на оваа мерка, ако граѓанинот после првиот месец не продолжи со исполнување на договорните услови, каматите ќе почнат да течат како претходно.
Бришењето камати на граѓаните кон јавните институции и претпријатија, не се однесува на долгови кон приватни претпријатија кои даваат јавни услуги, како и на правните лица кои се корисници на ваквите услуги или даночни обврзници.
Но, Владата апелира и приватните компании да се вклучат во оваа мерка, како чин на солидарност, со што на граѓаните ќе им се отпишат каматите на долгот, а ќе ја платат само главнината.
СДСМ како одговорна партија во време на пандемија со коронавирусот продолжува со реализација на мерки и политики кои градат стабилна и развојна економија и со вистинска грижа им помага на граѓаните и на компаниите полесно да ја пребродат кризата.