Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски продолжува да работи на штета на граѓаните и државата.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски само нешто блокираат, кочат, се однесуваат деструктивно кон секое важно прашање за државата.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со 2.000 амандмани го блокира носењето на Законот потребен за да започне изградбата на нов Клинички центар во Скопје кој ќе пружа квалитетни и интегрирани здравствени услуги за сите.
ВМРО-ДПМНЕ можеби е единствената партија во светот која се противи државата, граѓаните да добијат нов Клинички центар, прв по цели 80 години.
Ете до таму оди деструктивноста на очајниот губитник Мицкоски.
Разликата е очигледна. Додека премиерот Зоран Заев отвора и пушта во употреба детски градинки, спортски сали, Мицкоски го блокира пописот, и работи против градење на нов Клинички центар.
Затоа, Мицкоски е таму каде што е, во длабока опозиција, каде уште долго ќе остане, затоа што не се води од интересите на граѓаните и државата, туку од своите и интересите на раководството во Белиот дворец.
Деструкциите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одново ќе бидат поразени, државата, граѓаните, здравствените работници, ќе добијат нов современ и фунцконален Клинички центар.