fbpx

СДСМ вложува во граѓаните и човечкиот капитал, а ВМРО-ДПМНЕ кочи и гласа против Буџетот, против поголеми плати и пензии

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Јован Митревски, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата

 

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ, на вчерашната собраниска седница,  го усвои Буџетот за наредната 2020 година.

Буџетот е развоен и фокусиран на инвестици во човечкиот капитал затоа што нам ни се потребни задоволни и мотивирани работници кои ќе придонесат за развој на економијата.

Со Буџетот за 2020 година, ќе продолжат да растат платите, уште повеќе пари да се вратат назад кај граѓаните и да се унапреди животниот стандард на се повеќе граѓани.

Јасно ни е дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицковски прогласувајќи го овој Буџет за популистички бараат алиби за поразот што ќе им се случи на 12 април 2020 година.

Сепак, и покрај сите блокади кои ги приредуваат, и покрај сите кочници кои ги ставаат и на граѓаните и на нашата држава, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа им се поважни партиските интереси наспроти потребите на граѓаните и решавањето на реалните барања.

Со гласањето против за Буџетот за наредната година, повторно на виделина излезе дволичноста и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ. Тие едно кажуваат, друго прават.  

Со вчерашното гласање против, тие потврдија дека се против зголемувањето на платите на лекарите и на сите здравствени работници, против третото покачување на платите во образованието, против зголемувањето на платите во армијата, против зголемувањето на платите на воспитувачките и негователките во градинските, против покачување на платите на наставно-научните работници во институциите.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против продолжување на мерката семејствата од социјален ризик да земаат 11.700 денари месечно, наместо досегашните 3000 денари.

Тие се против покачувањето на платите во приватниот сектор со обезбедените субвенции за придонесите, мерка која досега ја искористија 9300 вработени од над 900 фирми.

Замислете, гласаа против покачувањто на пензиите за 900 денари на сите 320 илјади пензионери.

Тие се против над 4000 лица да продолжат да земаат социјална пензија.

ВМРО-ДПМНЕ е против над 12000 стечајци да земаат по 8000 денари месечно, до остварување на правото на пензија.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кочат се што не е по планот на Никола Груевски.

Последни вести