fbpx

Преку набавка на нови апарати и подобри здравствени услуги, за 50% зголемени услугите во општата болница во Кавадарци, се грижиме

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Диме Коцев – Член на ИО СДСМ Кавадарци

 

Почитувани претставници на медиумите

Почитувани сограѓани

Неодоговорните здравствени политики во период на десетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, го доведоа здравствениот систем на едно катастрофално ниво.

Со таквата полтика најголемиот дел од граѓаните целосно ја изгубија довербата во јавните здравствени установи.

Во изминативе две и пол години, со одговорни политики во здравството, почнавме да го враќаме назад изгубениот углед и довреба на граѓаните во јавните здравствени установи.

Таков е случајот и со ЈЗУ Општа болница Кавадарци.

Во овие две и пол години успеавме значително да го подобриме квалитетот на здравствените услуги, преку значителни инвестиции во опрема и стручна експертиза.

Набавивме нов апарат за анестезиологија на хируршко одделени во вредност од 1.800.000 денари. Со овој апарат обезбедивме поголема сигурност во работењето во нашите хируршки сали.

На гинеколошко акушерското одделение набавивме и пуштивме во употреба нов апарат за ултра звук. Истиот тој апарат е опремен со вагинална сонда, која е од исклучително значење за посоодветно следење на бременоста и дијагностицирање на болестите кај жената.

ЕХО кабинетот, кој е составен дел на одделението за интерни болести, го опремивме со најсовремен колор- доплер апарат за ултразвук во вредност 3.600.000 денари. Со набавката на овој апарат за прв пат во нашата болница ја воведовме методата за ехо преглед на срце.

Исто така на интерно одделение, новата ендоскоспка амбуланта ја надградивме со набавка на апарат за колноскопија и клешта за биопсија, потребни за ендоскопско испитување на долен дигестивен тракт. Карактеристично за колноскопијата како дијагностичка метода, е што истата не е застапена во здравствените установи во поширокиот регион.

Со цел да се подобри здравствената заштита на граѓаните од регионот, набавено е комплетно ново, целосно опремено санитетско возило. Со тоа е овозможен брз и сигурен транспорт на нашите пациенти до било која медицинска установа во државата.

Подобрениот квалитет на здравствените услуги во болницата значително влијаат врз враќањето на изгубената довебра на граѓаните во оваа здравствена установа, како и во целиот здравствен систем.

Имено, во само две и пол години бројот на извршени медицински услуги на пациенти во ЈЗУ Општа болница Кавадарци е зголемен за дури 50% .

Со тоа, овозможивме граѓаните на општина Кавадарци наместо да прават дополнителни трошоци и да патуваат до болниците во другите градови, како што тоа беше случај во минатато, сега истите да се лекуваат во нашата болницата.

Ќе продолжиме и во понатамошниот период да работиме кон дополнително подобрување на условите за лекување во ЈЗУ Општа болница Кавадарци.

Здравјето на граѓаните е наш приоритет.

Зато сме во право кога велиме дека политиките на СДСМ во здравството се на прав пат.

 

 

Последни вести