Прес конференција, Катерина Пешиќ Бошковска – портпарол на ОО СДСМ Куманово
Почитувани,
Како одговорна партија посветено ги реазлизираме ветувањата од Програмата кои го подобруваат животот на граѓаните. И покрај попречувањето од опозицијата, Владата предводена од СДСМ со усвојување на Предлог законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, во јавноста познат како Закон за стечјаните работници, со кој се проширува опфатот со нови 1000 стечајни работници, на кои им се решава статусот со месечен паричен надомест до моментот на нивното пензионирање. До сега, со овој закон обештетени се 11 000 стечајни работници на државно ниво, а околу 1200 стечјани работници од Куманово, кои добиваат месечен надомест од около 8200 денари до нивно пензионирање. Со новите измени вкупниот број на опфатени стечајни работници ќе биде 12 000.
Преку оваа мерка исправаме долгогодишна неправда која им е нанесена на нашите сограѓани, кои не по своја вина останале без работа и без месечни примања. Заложбите на СДСМ за решавање на децениските проблеми и обезбедување фер и праведно општество, се реализираат. Се грижиме за граѓаните, низ конкретни мерки, градиме фер и праведно општество што дава шанса на сите, преку активни политики обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните и достоинствени услови за живот на сите.
Одиме на прав пат!