fbpx

Наместо во споменици и барокни фасади, СДСМ инвестира во поквалитетен животен стандард

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Живе Алексовски – координатор на советничка група на СДСМ во Советот на општина Тетово

 

Почитувани,

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати.Мерките што се спроведуваат обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, повисоки плати и подобар животен стандард.

Минималната плата е загарантирана. После првото покачување во 2017 година за 3.500 денари, сега минималната плата ја зголемивме за дополнителни 2.000 денари.

На сметките на околу 90 илјади граѓани кои добиваат минималец, овој месец треба да легнат вкупно 14.500 денари.

Трендот на раст на платите го задржуваме и во образованието.

Владата предводена од СДСМ обезбеди 22 милиони евра за повисоки плати од месец јануари 2020 година.

Ова е трето по ред покачување на платите на просветните работници од основното,средното и високото образование, откако претходно во изминативе две години платите беа зголемени на два пати по 5 проценти. Кумулативно за само еден мандат СДСМ ги зголеми платите во образованието за вкупно 21,3 проценти.

Покачувањето на платите добија и вработените во седум јавни научни институти и тоа за 25 проценти, вклучувајќи и исплата на минат труд сметано од месец октомври.

Го враќаме достоинството на просветните работници.

Наместо писари и административци ги мотивираме просветарите за што поквалитетно образување и воспитување на нашите деца, нашата младина, нашата иднина.

Почитувани, тука не застануваме. Платите на здравствените работници и соработници од месец февруари 2020 година рекордно се покачуваат, и тоа:

Лекарите специјалисти добиваат покачување од 25 проценти или кумулативно сметано нивната плата се зголемува за 40 проценти

Медицинските сестри добиваат повисока плата за дополнителни 10 проценти или пак севкупно сметано нивното покачување на платата изнесува помеѓу 20 и 23 проценти.

Уште еднаш СДСМ со своите политики и мерки наместо во споменици и барокни фасади инвестира во поквалитетен животен стандард за сите граѓани, со што потврдуваме дека сме на прав пат.

 

Последни вести