Прес-конференција на СДСМ, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
На докажаниот губитник Христијан Мицкоски, поважен му е тајкунот на режимот, Орце Камчев, отколку парите од партиската каса, парите на членовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Очигледно е дека големи се хипотеките на Мицкоски кон Камчев па затоа прави се за да му помогне на овој тајкун од времето на режимот.
Наместо Мицкоки да биде првиот кој ќе повика на брза разрешница на предметот „Плацовите на Водно“, тој на Камчев му го донира првиот човек на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Менкиновски како бранител.
Токму Камчев заедно со Никола Груевски и Сашо Мијалков се осомничени во овој предмет за наводна злоупотреба на 1,3 милиони евра пари од донации за ВМРО-ДПМНЕ кои менторот на Мицкоски, Никола Груевски ги искористил за купување на плацови од десетици илјади квадратни метри на Водно.
Со ова се потврдува дека на Мицкоски не му е ниту до правда, не му е до граѓаните, ниту пак до членовите на неговата партија.
Нему, почитувани граѓани, му е важно само да ги одбрани криминалците во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа е неговата единствена агенда која никако не може да ја оствари. Затоа своите фрустрации од поразите ги истура на грбот на граѓаните, на грбот на институциите, блокирајќи ги сите важни процеси во Собранието.
Мицкоски е за интересите на криминалците, единствен на браникот на криминалот и затоа нека не се чуди што шест пати е поразуван од граѓаните и што е во опозиција.
Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ се поразувани од граѓаните, се поразувани од правдата и законите и ќе бидат поразувани и одново, се додека се на страната на криминалот наместо на страната на граѓаните.