fbpx

Мицкоски да одговори за финансискиот скандал на ВМРО ДПМНЕ, поврзан и со германскиот пратеник Цех

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес- конференција, Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Нов скандал поврзан со ВМРО-ДПМНЕ и белата палата на Христијан Мицкоки.

Угледни германски медиуми, Шпигел и Фокус, објавија дека пратеникот од Христијанско-социјална унија ЦСУ, Тобијас Цех поднел оставка откако било откриено дека во 2016 година одработувал за ВМРО-ДПМНЕ, цитирам, „предводена од корумпираниот политичар Никола Груевски“.

Станува збор за исплати од петтоцифрени суми, околу 50.000 евра кои Цех ги наплатил за консултантски услуги од ВМРО-ДПМНЕ.

Скандалот се поврзува со 2016 и 2017 година, време во кое советник и близок соработник на Никола Груевски му беше Христијан Мицкоски, потоа назначен и за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

По оставката на пртаеникот Цех од Германија, Мицкоски мора да излезе пред јавноста и да даде одговори:

Од каде се овие огормни суми пари и на кој начин биле исплатени?

Дали затоа финансиските извештаи на ВМРО-ДПМНЕ не се достапни на нивната веб страница?

Каква била улогата на Мицкоски прво како генерален секретар а потоа и како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во дубиозното финансиско работење на неговата партија?

Јавноста памети дека ВМРО-ДПМНЕ со години трошело милионски суми за лобирање и консултантски услуги и во Соединетите Американски Држави.

Почитувани граѓани,

Скандалите за финансиското работење на ВМРО-ДПМНЕ ги надминуваат и границите на нашата држава.

Партијата која денеска е со замрзнат имот, со блокирани сметки е пример за неодговорно, расипничко и недомаќинско работење.

Овој скандал заслужува институционално внимание на нашите органи.

Мицкоски е должен да излезе пред граѓаните, како и пред партиското членство и да одговори за сите скандали со финансиското работење на партијата.

Последни вести