fbpx

Мицкоски тресе толку силно што на локалните избори на есен ќе тресне по седми пат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

После најновиот потрес предизвикан од громогласниот фејсбук статус на Мицкоски, СДСМ е во длабока дилема дали е посилно тресењето на локалните избори во 2017 или на последните парламентарни избори кога тој остана во опозиција?

СДСМ длабоко анализира и дали Мицкоски посилно стресе кога загуби на изборите во Охрид и Ново Село или на последните избори во Штип од кои побегна?

Или можеби гората се стресе од Мицкоски на референдумот кога 660 илјади граѓани излегоа и го покажаа патот по кој денес одиме, додека тој “громогласно” молчеше без став по кој знае кој пат.

Или можеби најсилно тресна Мицкоски кога не успеа да го спречи Законот за Јавно обвинителство и да ги одбрани криминалците?

Полека Мицкоски ти следат уште порази, доаѓаат нови избори на нив ќе треснеш по седми пат.

Последни вести