fbpx

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешните политики на Шилегов и СДСМ па затоа по секоја цена конструира случаи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Логично е дека кога Скопје насекаде се уредува и гради, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја труе јавноста со измислици и конструкции.

Кога во неполни 3.5 години, од кои една е во услови на светска пандемија, Градот и градоначалникот успеаја во рекордно време да завршат четири нови булевари, реконструираат цел клинички центар и да ја изградат монтажната болница, кога се завршува мостот на Вардар во Аеродром, кога секоја година се градат десетици километри нови велопатеки, подигаат илјадници м2 нови зелени површини и истовремено се уредуваат запуштени јавни простори, десетици нови дрвореди, се подигаат зелени кровови, кога светските организации за мерење на загадувањето на воздухот бележат континуиран пад на загаденоста во Скопје, кога низ градот се движат 33 нови МАН автобуси на гас, се пробива и расчистува кејот на Вардар и кога после 30 години управување со Град Скопје, СДСМ успеа за само три години да го доведе градот пред набавка на трамвај на тркала, логично е дека оваа партија ќе нема што друго да прави сем да измислува скандали и да пласира лажни вести.

Последни вести