fbpx

Мицкоски не знае што е училиште а што Урбана заедница, како слуга на Груевски не разбира што е демократија, знае само да лаже

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Христијан Мицкоски не знае што е училиште а што Урбана заедница. Заглавен во белата палата како слуга на Груевски тој воопшто не си ја познава сопствената земја.

Чиста лага и незнање е тврдењето на Мицкоски. Не станува збор за училиште туку за простории на Урбана заедница, поточно Урбана заедница Тризла 1 во Прилеп.

Ниту едно од сите 237 избирачки места за директните внатрепартиски избори во СДСМ не беше во училиште и сите се со регуларни договори по сите прописи.

Првите директни внатрепартиски избори во СДСМ се пример не само за највисок степен на демократија туку и за одлична организација и по сите стандарди за заштита на здравјето.

Не е првпат Мицкоски да шири лажни вести каде ќе стигне, тој е познат извор на невистини.

Ама Мицкоски има уплав од демократија, голем страв има од сопственото членство, од граѓаните, затоа три дена плаче.

Не разбира Мицкоски што е демократија, напредок и одговорност, тој знае само да лаже и да брани криминалци.

Би го повикале Мицкоски да учи од овие чекори на СДСМ за врвна внатрепартиска демократија но нема капацитет ниту за тоа, очигледно е.

Ах Мицкоски, толку многу незнаење и лаги има во тебе што е срамота голема.

Последни вести