Прес конференција, Лазар Мешков, портпарол на ОО СДСМ Гевгелија
Почитувани сограѓани,
За само две и пол години од мандатот на оваа влада предводена од СДСМ инвестирани се над 800 милиони евра во патна инфраструктура во државата, изградени се и рехабилитирани околу 500 километри патишта.
Се гради насекаде како никогаш до сега.
И во Општина Гевгелија денес градежните работи се секојдневие.
Нашата Гевгелија е град кој расте и постепено оди напред, град кој ги носи сите нишани на модерна и урбано уредена инфраструктурна општина.
Да се знаат потребите на граѓаните и да се работи јавно и транспарентно е одлика на СДСМ и на нашата локална власт предводена од Градоначалникот Поцков.
2018 и 2019 се години кога градежните зафати во асфалтирање и реконструкции на улици и патишта ја направија општина Гевгелија модерно инфраструктурно место за живеење.
Улиците: „ Ѓорѓи Сугарев“, „ Нако Вардарски“, дел од „Кочо Рацин“, „26- ти Април“, „Јане Сандански“, „Питу Гули“,„ Мицо Шаренков“, ул .„ 1 Мај“, паркингот кај градските гробишта, улицата „Димо Хаџи- Димов “ се само дел од завршените градежни работи во асфалтирање, изградба и реконструкција на улиците во нашиот град.
Гевгелија и граѓаните се на прав пат.
Некогаш заборавените населени места каде во патната инфраструктура не се инвестираше со децении , денес за само 2 години наликуваат на модерно населени места.
Реконструиран е регионалниот пат Гевгелија – Негорци, изграден е локалниот пат за поврзување на с. Серменин со с. Негорци, доасфалтирана е улицата „Гоце Делчев“ во с.Негорци.
-Изграден е локален пат од населеното место Давидово до манастирот„ Св. Илија“.
-Реконструирана е улицата„ Елена Мичева“ , „Климент Охридски“ и “Гоце Делчев” во Миравци.
– Реконстуиран е патен правец од Миравци до с.Давидово.
-Асфалтирани се три крака од улици во населеното место Милетково.
-Бетонирана е улицата од центарот до црквата во село Давидово.
-Улицата „Браќа Толеви“ во с.Прдејци доби нов асфалт.
Реконструирани и бетонирани се:
– улицата покрај училиштето во с.Кованец.
– бетонирани се краци од улици во село Смоквица
-улица и краци во с.Моин
-доасфалтирана е улицата„ Гоце Делчев“ во с. Мрзенци,
– направена е реконструкција на улица во с.Богородица.
Инвестициите во инфрастуктурата на нашиот град не застануваат тука, продолжуваме и понатаму, затоа што резултатите говорат дека сме на правиот пат.
СДСМ заедно со граѓаните се на вистинскиот пат!
Ви благодарам.