Прес конференција, Александар Кангалов, претседател на ОО СДСМ Штип
Почитувани,
Заврши времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога казните беа драконски начин и форма на заплашување на граѓаните и фирмите, како и причини за затворање на многу фирми.
Евидентно е дека Владата предводена од СДСМ остварува праведна и правична казнена политика, што резултира со добра соработка помеѓу институциите и граѓаните.
УЈП е департизирана, ослободена од стегите на ВМРО-ДПМНЕ, па сега оваа институција соработува партнерски со граѓаните и фирмите.
Во 2012 година, во екот на пустошењето на ВМРО-ДПМНЕ, само од регионалната дирекција на УЈП во Штип беа изречени 207 глоби за правни и физички лица со вкупен износ од 506.250 евра.
Од друга страна, во 2018 година – првата целосна година од владеењето на СДСМ, од регионалната дирекција на УЈП во Штип беа изречени само 12 глоби за правни и физички лица со вкупен износ од 22.875 евра.
Во нашиот регион, износот на глоби е намален за неверојатни 95%.
Ако во времето на ВМРО-ДПМНЕ инспекторите имаа норма за казнување и веднаш се изрекуваа казни, денес најпрво се изрекуваат опомени, па во разумен рок се поправа грешката. Денес казните се праведни и усогласени со големината на фирмите.
Партнерскиот однос помеѓу институциите и граѓаните дава подобри резултати: граѓаните се чувствуваат ослободени, а наплатата на данок е зголемена за 14% во однос на наплатата порано.
Резултатите го покажуваат она што ние од СДСМ одамна го зборуваме – граѓаните сакаат слобода, а не репресијата и заканите од ВМРО-ДПМНЕ.