fbpx

Градиме по план, нови детски игралишта и нови зелени површини во Карпош

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Андреј Манолев, претседател на Советот на општина Карпош

 

Почитувани граѓани, претставници на медиумите,

Создадовме нова зона за рекреација на најмладите, во Влае 2. Со ова инклузивно игралиште овозможуваме уште еден јавен простор каде што младите ќе другаруваат, а сите реквизити се прилагодени и за децата со попреченост. 

Станува збор за проект за кој Општина Карпош доби грант од Швајцарската агенција за соработка и развој, а истиот се имплементираше преку Министерството за локална самоуправа и Центарот за развој на Скопски плански регион.

Општина Карпош предводена од СДСМ, коалициските партнери и градоначалникот Стефан Богоев продолжува да инвестира во планско уредување на јавните површини.

Нов детски парк доби и населеното место Криви Дол, кое со години делуваше отсечено од урбаното јадро. Околу игралиштето се засадија и нови дрвја, украсни растенија, а се постави и нова урбана опрема (клупи за седење и корпи за отпадоци).

Подигнуваме и ново зеленило околу популарната „Лептокарија“, во Карпош 3. Токму таму, овие денови се садат нови 400 садници – растенија, кои се отпорни на временските условил. 

Драги карпошани, 

Со години, ВМРО – ДПМНЕ и Стевчо Јакимовски мислеа само на узурпација на јавниот простор, а не на негова хуманизација! Ова го менуваме!

Примарната цел на СДСМ и локалната самоуправа е јавните површини да се уредуваат, да се збогатуваат со повеќе зеленило и содржини за граѓаните. 

Заврши времето кога се мислеше единствено на непланско градење, нови згради во урбаното јадро и работа во интерес на одредена групација бизнисмени.

Овие две години покажуваме дека може поинаку! Заштитата на животната средина останува наш приоритет.
 
Со љубов за Карпош. Продолжуваме заедно.
 
Последни вести