fbpx

СДСМ креира развојни политики и решава децениски инфраструктурни проблеми во Делчево

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Влатко Величковски – претседател на СДСМ Делчево

 

Почитувани сограѓани,

Решаваме децениски проблеми за граѓаните на општина Делчево.

Многу градски населби, формирани со урбанистички планови пред повеќе од дваесет години, сега ги добиваат првите асфалтирани улици и канализации. Работиме по план, со визија за иднината но и решавање на деценски проблеми, заборавени и оставени од страна на ДПМНЕ.
Централното градско подрачје во Делчево доби нова улица. Се асфалтираше улицата позната како „Станбена улица 4“ која ќе го поврзува новиот пешачки мост со детската градинка. Улицата која е во должина од 200 метри со ширина на коловозот од 6 метри, а средствата во висина од околу 2.200.000 ден се обезбедени од Буџетот на Опшина Делчево.

Комплетно е изградена нова улица која ќе даде нов урбан, современ изглед на овој дел во градот кој, иако се наоѓа во централното градско подрачје, досега беше запоставен и неодржуван и наликуваше на своевидна депонија. На овој потег ќе се гради и тротоар, ќе има комплетно улично осветлување, а се изгради и дел од Станбената улица 3 која се вкрстува со оваа улица со цел дополнителна пешачка и сообраќајна комуникација на стариот дел со новиот дел на градот, односно новата улица го поврзува новоизградениот пешачки мост на реката Брегалница со детската градинка и Основното училиште „Ванчо Прке“.
Во завршна фаза е тендерската постапка за избор на најповолен понудувач за изградба на пристапните рампи на пешачкиот мост по што се очекува во најскоро време доколку дозволат временските услови, да се заврши овој капитален проект за Делчево кој е доста значаен за жителите од Старо Делчево и нивната комуникација со централното градско подрачје.

Но ова не е се. За населбата СРЦ е донесен урбанистички план уште во 2001 година, од кога и почнува изградбата на првите куќи во оваа населба. Дури по скоро 20г. оваа локална власт, предводена од градоначалникот Трајковски и СДСМ, го стави првиот асфалт. Само пред неколку денови заврши асфалтирањето на крак од ул. „Орце Николов“, а во тек е и доизградба на фекална канализација на ул „Орце Николов“.
Населба Пролет- новата населба во близина на централното градско подрачје ја доби првата улица – изградба на дел од сервисна улица бр.1 во населбата Пролет во должина од 262 метри во делот од старата зграда на Општина Делчево возводно покрај река Габровчица.

Претходно во овој дел од населбата Пролет беше изградена фекална канализација во должина од 300 метри, линија која ќе ги задоволи потребите на веќе изградените објекти, но Општината ќе продолжи со изградба и на другите инфраструктурни објекти, водоводна мрежа и мрежа за улично осветлување. Станува збор за нова населба, која е проектирана и ќе биде атрактивна, во близина на централното градско подрачје, предвидени се поголем број на градежни парцели за изградба на куќи за индивидуално домување. Наша обврска и приоритет е во најскоро време да се решат сите инфраструктурни потреби на жителите на оваа населба.

Населба Басарица – Населбата Басарица иако повеќе од две децении е урбанизирана, досега немаше изградено патна и канализациска инфраструктура.

Сведоци бевме дека долго време жителите на оваа населба газеа кал и живееја во прашина, а со реализацијата на проектите за асфалтирање на 6 улици и канализациска линија во должина од 2 км заедно со с.Полето, конечно, оваа населба ќе наликува на една урбана средина.

Во моментот во населба Басарица- ЈКП „Брегалница“ работи на изградба на атмосферска канализација.

Станува збор за проекти во вредност од околу 25 милиони денари, а со овие средства ќе се реализира проект за изградба на патна и канализациска инфратсруктура во населбата Басарица во должина од 1 км, а ќе се гради и канализација во населбата Басарица и Полето во должина од 2 км.

Во рамките на проектот аплициран по мерката 322 за инвестиции за изградба или реконструкција на улици во руралните средини, ќе се градат 6 улици во населбата Басарица во должина од 1 км: „Св.Троица, „Киселичка“, „Бигланска“,„Драмечка“, „Басаричка“, „Селничка“.

Вториот проект аплициран по мерката 321 се однесува на изградба на 4 крака на канализациски системи во населбата Басарица и Полето во должина од 2000 метри.
Населбата е урбанизирана и донесен е ДУП во 1996 г. Оваа локална власт, предводена од градоначалникот Трајковски и СДСМ решава уште еден децениски проблем на граѓаните на општина Делчево.

Почитувани сограѓани, урбанизирани населби со децении чекаа решавање на основните потреби за нормално функционирање, канализации и асфалт. Недомаќинското работење на претходните власти на ДПМНЕ, остави низа нерешени проблеми. Но оваа власт, предводена од СДСМ, работи домаќински, одговорно и е сервис на сите граѓани на општина Делчево.

Решаваме деценски проблеми, креираме развојни политики и имаме визија за иднината на Делчево.

Благодарам!

Последни вести