fbpx

Нов дигитален мамограф во болницата во Битола, здравството е на прав пат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Жаклина Наумовска – советник во Советот на Општина Битола и секретар на ОО СДСМ Битола

Почитувани претсавници на медиумите, почитувани граѓани,

Владата предводена од СДСМ и коалицијата работи во интерес на граѓаните.

Во Клиничката болница во Битола беше пуштен во употреба новиот дигитален мамограф, обезбеден преку проектот од ИПА програмата за меѓугранична соработка Грција-Северна Македонија (2014-2020).

Новиот дигитален мамограф е достапен за бесплатни, превентивни мамографски прегледи за сите жени во битолскиот регион, вклучувајќи ги и пациентките од тешко пристапните подрачја.

Набавена е иновативна, биолошка терапија која претставува нов пристап во третманот на онколошките заболувања, а што е уште една значајна придобивка за пациентите заболени од рак, вклучително и пациентките заболени од рак на дојка.

Сите жени на коишто им е потребна терапија после операција или без операција на рак на дојка, отсега се покриени со целата терапија којашто им е потребна.

Во овој регион ќе се спроведе и скрининг на 200 пациентки во вид на мамографски прегледи и гинеколошки ПАП тестови. Со организиран превоз ќе се носат пациентките од Новаци, Претор, Грнчари и Меџитлија во болницата за овие прегледи.

Овозможуваме подобри здравствени услуги. На прав пат сме!

 

 

Последни вести