fbpx

Марковска за „Утрински брифинг“: Досега се реализирани 70 мерки, од четирите пакети мерки се имплементирани 82%, во вкупна вредност од 860 милиони евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Економските мерки што се носат за надминување на последиците од коронакризата даваат резултати, а тоа го потврдуваат и официјалните статистички податоци, истакна пратеничката на СДСМ Даниела Марковска за „Утрински брифинг“.

Таа додаде дека досега се реализирани 70 мерки, од четирите пакети мерки се имплементирани 82%, во вкупна вредност од 860 милиони евра, пари што завршија директно кај граѓаните и во стопанството.

Овие мерки помогнаа на стопанството и на граѓаните, со оглед на тоа што подолго време се справуваме со кризата, во нив гледаме позитивен исход и настојуваме во иднина да носиме мерки за помош прво за најпогодените сектори, а потоа секако и за другите, нагласи Марковска.

Таа истакна дека во вака специфичен период во време на пандемија, Собранието треба да работи во полн капацитет во интерес на граѓаните и да се носат закони кои треба директно да помагаат на стопанството и на граѓаните.

Без разлика дали сме дел од парламентарното мнозинство или дел од други пратенички групи, нам довербата ни е дадена од граѓаните и ние мораме да работиме во нивен интерес, порача пратеничката на СДСМ Даниела Марковска за „Утрински брифинг“.

Последни вести