Прес конференција, ОО СДСМ Берово
Почитувани сограѓани,
Власта предводена од СДСМ посветено и плански ги реализира мерките кои обезбедуваат повисоки плати и пензии,подобри и побезбедни услови за работа ,безбедни патишта ,мерки за унапредување на образование и наука , вистински се грижи за младите нуди поквалитетен живот.Живееме слободно и гласно зборуваме.
Општина Берово,излезе од ќорсокакот и е на прав пат.
Оваа влада за прв пат ја помести работата кон вистинско отварање на граничниот премин.Имено, Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Р1310,делница Берово-граница со Р.Бугарија(клепало) со должина од 6,62км. и вредност од 75,70 милиони денари.Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.Отварањето на граничниот премин би значел економски просперитет,развој на туризмот и прогрес не само за нашиот град туку и за регионот.Луѓето кои ги препознаваат вистинските мерки веќе се заинтересирани за атрактивни локации затоа што транзитот би значел отворени меѓународни граници ама и и излегување од границите на тишината која претходната власт ја заледи во Малешевијата.Приказната за изолираноста заврши.Од наша страна проектот е завршен и е во финална фаза,а останува само да се асфалтираат последните километри од Струмјани до Клепало.
Граѓаните од Берово и Малешевијата го препознаваат вистинскиот пат.Наместо споменици и жални врби градиме иднина.Наместо галии и стиропор отвараме границиѕ
Остануваме посветени на сите мерки за подобрување на животот на граѓаните.
На прав пат сме и продолжуваме