fbpx

Мицкоски е најголемиот бранител на криминалците, не може да се помири што правдата стигна и што сите се еднакви пред законите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски секојдевно докажува дека е единствен и најголем бранител на криминалот и криминалците.

Тој не може да се помири што денес правдата е еднаква за сите, секој што се огрешил пред законот – одговара, нема повеќе недопирливи.

За разлика од времето на режимот кога од белиот дворец се нарачуваа и пишуваа судски пресуди, денес институциите работат професионално, независно и неселективно кон секое прекршување на законите.

Затоа за Мицкоски е проблем што денес за разлика од времето на режимот, нема недопирливи, нема групи и поедници кои се над законите и нема однапред осудени, без разлика дали станува збор за претставници на опозицијата, на власта или било кој граѓанин.

Лажни вести, блефирања и дејствување на штета на граѓаните е се што нуди докажаниот губитник Мицкоски.

Негова пуста желба е да дојде на власт со идеи за неправди и нови конфликти, а негова сурова реалност е тоа што губи на секој изборен циклус.

Мицкоски е поразен политичар без став, без идеја кој не донесе ништо ново, тој е срам за десницата во Северна Македонија.

Последни вести